Игри кои ќе бидат бесплатни неделава

Бесплатни игри секогаш се одлични вести, а оваа недела ќе можете да се забавите со некој од следниве наслови.

Assassin’s Creed II, една од најдобрите игри од овој серијал ќе биде бесплатна од 14 април, преку Uplay. Почекајте цената соодветно да се промени во продавницата на ubisoft и потоа зграпчете си копија која ќе ве пресели во златното, но и смртоносното дома на Ренесансата.

Total War: Shogun 2, феноменална стратегија од епски пропорции, ќе биде целосно бесплатна од 16 до 19 април, преку Steam. Доколку го искористите промото играта ќе можете да ја играте засекогаш, а, се очекуваат и додатоци за играта да бидат со повисоки попусти.

Паралелно со ова, ќе се понуди и бесплатен викенд за Total War: Warhammer II. Иако оваа игра ќе може да се игра само овие три дена, се очекува повисок попуст доколку ви се допадне виденото и сакате да си ја купите.

Beat Hazard, 1и 2, се инди игри кои никако не смеете да ги заобиколите, особено доколку сте фанови на гејмплеј директно напојуван од вашата омилена музика. Ова е игра, чии непријатели и напади се прилагодуваат на ритамот на музиката која ќе ја изберете. Феноменално остварување кое ќе можете бесплатно да го проверите од 16 април.

Just Cause 4 и Wheels of Aurelia се две игри кои ќе бидат целосно бесплатни од 16 април, преку Epic Store. Just Cause 4 e акциона игра во трето лице каде целосен акцент е на создавање хаос во најчиста форма, преку адреналински пресметки со пренагласени оружја и возила, па се до експлозии од кои ќе ви се заврти во глава.

Wheels of Aurelia е критички признаена инди игра која ќе ве наврати во седумдесетите и ќе ви дозволи да ги навлезете во интересен дел од историјата на Италија. Доколку побрзате, ќе можете да си ги зграпчите и хорор авантурата Close to the Sun, како и авантурата Sherlock Holmes: Crimes and Punishments.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии