Играта на Ким Кардашијан може да заработи 200 милиони US долари

Видеоиграта Kim Kardashian Hollywood од Glu Mobile, за Android и iOS, може да заработи 200 милиони долари доколку се остварат прогнозите на аналитичарот Даглас Кројц, a 45 отсто од заработката оди кај г-ѓа Кардашиан.

Не постои лош публицитет, нели? Иако е очигледно дека поради брендот Ким Кардашијан играчите ја играат играта, во овој момент играта има сопствен „живот“, вели г.Кројц.

Покрај публицитетот кој доаѓа со „Кардашијан“ овојпат Ким учествуваше во креирањето на играта позајмувајќи го гласот на својата виртуелна двојничка.

„Најверојатно ова е нашата најголема игра годинава… Не сме изненадени. Ким е единствена, а енџинот е креиран токму имајќи ја нејзе во предвид“, вели Николо де Маси од Glu Mobile.

Во Kim Kardashian Hollywood играчите се во улога на нови таленти кои самошто пристигнале во Холивуд и под менторство на Ким треба да стигнат до планетарна слава. Играчите можат да купуваат облека, луксузни куќи или да одат на состаноци со други холивудски ѕвезди. Иако играта е бесплатна, сите играчи кои не сакаат да чекаат можат да купат дополнување на „енергијата“, покрај ова играчите можат да купат и виртуелни долари со кои би купувале предмети во играта.

Покрај популарноста играта добива негативни коментари, пред се поради начинот на кој Ким Кардашиан се прослави што ја прави ужасен ментор, но и поради тоа што ги девалвира актерите, бидејќи во играта за да добијат некоја улога или услуга играчите единствено треба да флертуваат со некого.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии