Aсистентот Петре Ламески од факултетот ФИНКИ направи Kinect верзија од детската играта „Завор“.
„Завор“ е игра од реалниот свет „која ни ја кажа баба“, како што вели едно девојченце од видеото, во која се поставува линија и целта е да се врлат објекти колку што е можно поблиску до линијата.
Играјќи со Kinect целта е иста, да се фрли предмет што е можно поблиску, но без фрлање на реални објекти и без користење на контролери или џоистици, туку само со движење на телото. Kinect е нова платформа на Microsoft која користи сензори да препознае кориснички движења.
Кinect е платформа оригинално наменета за видео игри, но истражувачите најдоа бројни намени во разни полиња по што го принудија Microsoft да претстави и софтверски алатки за да може да се приспособува платформата и за други проекти.








Ај уше еднаш…
Инаку, очигледно е дека децава ги спремиле прашањава напамет. …смешни ми се :)