AI Dungeon 2 е текстуална игра осмислена од AI

Секоја чест за RPG игрите во отворен свет и бројните одлуки кои можете да ги донесувате во нив. Но, концептот за избор кај повеќето од нив е само прославена илузија која не крие никаква, вистинска тежина. Но, доколку барате значително голема слобода во текстуална околина, тогаш би требало да ја проверите AI – осмислената текстуална авантура AI Dungeon 2.

Авантурата е развиена од Ник Волтон. Во моментот кога ќе ја започнете авантурата, се користат алгоритми за машинско учење во понатамошно осмислување на приказната. Имено, во авантурата можете да напишете било каков глагол, односно акција. Вештачката интелигенција ги интерпретира ваште желби и потоа нуди соодветно наративно сценарио.

Пред да можете целосно да се впуштите во играта, потребно е да направите одредени прилагодувања, но, подоцна, ограничени сте само во погледот на вашата имагинација. AI Dungeon 2 е интересен продукт на интерактивна забава кој не би бил можен без машинското учење. Играјте директно од вашиот прелистувач!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии