Играјте секакви игри од најразлични платформи со LaunchBox

На времето, LaunchBox беше осмислена за да помогне полесно да се играат постари игри во Windows околина. Но, LaunchBox e многу повеќе од тоа сега и пружа можности за справување со каква било игра. Имено, можете да играте модерни игри или игри кои не се за Windows преку емулатори. Можете да ги внесете сите ваши игри, па правите колекции и да ги средувате и одбележувате како сакате. За пофалба е можноста да ги извлечете сите игри кои сте ги купиле преку Steam и да ги средувате преку LaunchBox.

Најновата, единаесета верзија на LaunchBox ви дозволува автоматски да се прават скриншотови, а имате и добра интеграција со OBS Studio. Благодарение на ова, лесно и брзо можете да снимате видео материјали и да ги овековечите вашите гејмплеј сесии. Паралелно со ова, новата верзија се одликува со подобри параметри за пронаѓање повеќе исти слики (artworks).

LaunchBox се испорачува во бесплатна или комерцијална форма. Поголемиот број корисници би биле задоволни со бесплатната верзија која знае да биде дарежлива, но ќе наидете на проблем доколку сакате играта да ја играте со гејмпад или доколку сакате забавата да ја префрлите на телевизор. За тие две привилегии, како и други додатоци, потребно е да ја користите LaunchBox Premium, услуга која чини 30 долари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии