Играјте над 50 игри од вашиот телефон со Funcade

Funcade е колекција од над 50 игри и илјадници стази во кои собирате ѕвезди и отклучувате најразлични светови. Но, за какви игри се работи?

Првиот впечаток е дека се ретро-инспирирани игри со длабоки корени во деведесетите години. Првиот впечаток не лаже, барем не во оваа ситуација. На располагање имате бројни игри кои припаѓаат на различни жанрови како платформери, тркање, загатки, и слично.

Интересно е тоа што голем дел од игрите се направени од самите корисници. Секој ден носи интересни изненадувања и нови игри. Доколку сакате, можете да пробате и вие да создадете некоја игра и да ја споделите со светот.

Funcade ви стои на располагање за Android, или iOS.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии