Играјте ја оригиналната DOOM на вашето PC

Во деведесеттите, DOOM беше исклучително популарна игра, до таа мера да беше задолжителен наслов за среќните сопственици на компјутери. На времето, за играта се зборуваше како револуција на два фронта, како во FPS жанрот, така и во поглед на графиката. Сега, оригиналната DOOM не е ни едно, ни друго, но е одличен наслов за сите оние кои сакаат да започнат носталгично патување од нивните ултра модерни конфигурации.

Chocolate Doom ви дозволува да ја играте оригиналната DOOM игра на какво било модерно PC. За да успеете во намерата, меѓутоа, потребен ви е таканаречениот IWAD фајл. За да дознаете како да дојдете до фајлот, консултирајте се со пишаните инструкции во install.tхt документот.

Надградената верзија на Chocolate Doom ви дозволува да ја играте играта во висок квалитет, независно од големината на вашиот монитор, како и лесно да се префрлите од цел екран на прозорец, и обратно.

Во меѓувреме, id Software работат на Doom Eternal, деветтата игра од овој серијал, под услов да не ги броите петте спиноф наслови.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии