Играјте ја Diablo од вашиот прелистувач

Првата Diablo игра може да се игра директно од вашиот прелистувач. Хитот од далечната 1996 година и една од култните hack and slash остварувања стана уште подостапна за сите заинтересирани носталгичари.

Веб портот на Diablo е заснован на изворниот код кој бил реконструиран од GalaXyHaXz и тимот devilution. Финалниот резултат е достапен за преигрување во две форми. Откако ќе кликнете на линкот, можете бесплатно да одиграте дел од играта кој е во shareware форма. За таквото нешто, едноставно кликнете на копчето Play Shareware. Оние кои веќе ја имаат купено играта, дали преку официјалната Blizzard продавница, или GOG, ќе можат да ја играат целата игра, но само доколку го „фатат и пуштат“ фајлот DIABDAT.MPQ врз отворениот прозорец. Принудувањето да се има претходно инсталирано играта, некако се коси со флексибилноста од играње Diablo директно од прелистувачот, но shareware верзијата е одлична за брзо запознавање со hack and slash пионирот или пак за кратко потсетување на играта од вашата младост. За веродостојно патување во минатото, играта од прелистувачот ги има задржано сите багови и лошо напишан код.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии