Играјте ја Colossal Cave Adventure на екран од 1983 година

Текстуалните авантури бараат значително повеќе време и посвета, но, за возврат, нудат поголема имерзија и чувство на достигнување. Доколку сакате да се забавите со еден од првите познати примери на текстуално заснована интерактивна фикција, би можеле да ја проверите Colossal Cave Adventure.

Вил Кроутер работел на играта две години, од 1975 до 1977 година. Вие ја играте Colossal Cave Adventure преку вашиот прелистувач кој прикажува PC екран од 1983 година. Во случај да заглавите на одредени делови во авантурата имате на располагање навестување и оддел за прашања и одговори. Дополнително, многу решенија за оваа и други игри можете да најдете на следниот линк.

Во случај да сакате уште текстуални авантури дефинитивно проверете го сајтот Text Adventures. Ова е дестинацијата каде, меѓудругото, ќе најдете и бројни авантури од студиото Infocom.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии