Играјте илјадници Flash игри преку Internet Archive

Мартин Јованчевски

во Вести

Сигурни сме дека има многу корисници кои пријатно се потсетуваат на времето поминато во бројни Flash игри. Иако Adobe му има свртено грб на Flash, бројни игри и понатаму ви стојат на располагање преку емулаторот Ruffle. Емулаторот Ruffle е на Internet Archive и преку него можете не само да играте илјадници игри туку и да прегледувате најразлични анимации кои се направени во Flash.

Откако ќе го посетите сајтот, првенствено ќе забележите неколку категории како колекција од Flash игри, колекција од Flash анимации, посебна зона со игри и анимации за деца, Nickelodon Flash и многу повеќе. За да започнете со некоја игра или анимација, кликнете на неа и почекајте да се вчита истата. Некои игри можете да ја играте на цел екран, со или без звук, да ги обележите како омилени или да ги споделите со некого. Под секоја игра можете да прочитате краток опис, рецензии на останатите корисници и слично.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии