Играјте друштвени игри цел викенд со M3DS и Скопје Креатива

Ако минатиот викенд не се изнаигравте друштвени игри или го пропуштивте, тогаш имаме супер вест! Следниот викенд во просториите на МКЦ ќе се играат друштвени игри! Всушност станува збор за два настани кои се одржуваат во сабота и недела.

Првиот Борд Гејм Он! како дел од фестивалот Скопје креатива – Фестивал за креативни индустрии. На настанот посетителите и играчите ќе може да се запознаат со игрите на: Frontier Games, Archona Games и Lynx Animation Studios. Дополнително, креаторот на засега неиздадената игра Магорум, Марио Савоски, ќе има предавање за друштвените игри.

„Целта на оваа дружба, преку изложување, промовирање и играње на друштвените игри е да ја покаже активноста на оваа уметност во Македонија, а преку предавањето за креирање и продукција, да привлече голем број на заинтересирани гејмери да се занимаваат со создавање на друштвени игри, како аматерски, така и професионално“, вели организаторот.

Вториот настан, Board Game Day во МКЦ се одржува еден ден подоцна на 12 мај. Овојпат посетителите ќе можат да и да поиграат, а тоа овој пат е главниот дел од настанот. Секако ова не значи дека нема да ги видиме Archona Games и Final Frontier Games кои ќе ги претстават: Small Star Empires, односно Robin Hood & the Merry Men, Rise to Nobility и Cavern Tavern.

На овој настан посетителите ќе можат да видат и куп други интересни работи и игри. Warhammer Blood Bowl; турнир во Yu-Gi-Oh! игра со карти; турнир во Magic the Gathering; официјален Hearthstone турнир и конечно, натпревар во редење сложувалки (puzzles). За посетителите и натпреварувачите има и награди.

Настанот го организираат M3DS Академија за 3D и Game Design и Гоблин Друштвени Игри, а поддршка се и Archona Games и Final Frontier Games.

Да бидеме искрени, овие настани немаат преголема традиција во Скопје. Последниве неколку години, најмногу благодарение на ентузијазмот на неколку организатори, ова звучи се помалку чудно и поради ова им благодариме.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии