Играјте Commodore 64 игри од вашиот прелистувач

Во случај да сте фанови на ретро игри тогаш една од задолжителните дестинации е Internet Archive и нивната огромната нова онлајн колекција на игри правени за Commodore 64.

Веб сајтот нуди импресивен избор од скоро 30 000 наслови. Благодарејќи на вградената поддршка за емулација, сите од нив можете да ги играте директно од вашиот прелистувач.

Од пребогатата архива можете да ископате игри кои доминираа во потсвеста на гејмерите во далечните осумдесетти, или деведесетти, како и да проверите бројни игри кои биле правени од ретро ентузијасти до 2012 година. На располагање имате и демо верзии, а и дигитални верзии на стари списанија за софтвер. Сево ова уредно се поставува во категории кои ги активирате според година, наслов, прегледи или креатор.

Покренување игра се сведува на кликнување на копчето Play кое се наоѓа на страната со играта и трпеливо чекање емулаторот да се вклучи и податоците да се вчитаат. Одредени корисници искажаа жалење што нема никакви упатства за играње на игрите, но тоа нам не нè спречи да поминуваме феноменални втурнувања во минатото и да се присетиме на времето кога работите беа значително поедноставни, а еднакво забавни.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии