Играјте бесплатно Minecraft од вашиот прелистувач

Minecraft e една од најреволуционерните игри, но цената која се бара за пристап не може да си биде дозволена од сите. Покрај ова, играта значително се има променето во последниве десет години и многу носталгичари копнеат по начинот на кој работите функционираа на почетокот.

Во чест на десетгодишнината на Minecraft, развојното студио Mojang реши да ја направи достапна класичната верзија од 2009 година. Играта е бесплатна за играње и не бара претходно преземање и инсталирање на софтверот. Едноставно упатете се тука, одберете корисничко име и поканете до девет пријатели со кои би сакале да ги негувате градежните аспирации.

За почетниците, оваа верзија е интересен, но, можеби фрустрирачки вовед во Minecraft, но за ветераните е исклучително ценето носталгично патување во времето на непријателско-настроениот кориснички интерфејс. Оригиналните багови и понатаму се присутни во класичната верзија, а, сакале-несакале, ограничени сте само на креативниот режим на играње, односно истражување и градење. Вашиот допринос не може да биде сочуван, но таквата кревкост само допринесува до поефикасна носталгична инфузија.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии