Играјте бесплатни игри на каква било направа со Game Snacks

Game Snacks се бесплатни HTML5 игри кои можат да работат и на најслабите телефони, таблети, и лаптопи.

Се работи за корисен проект помеѓу Area 120 експерименталната лабораторија на Google и најразлични девелопери на игри.

Примарната цел на проектот е да се понудат забавни игри на финансиско послабите корисници. Поради тоа, игрите нема да освојат награди ниту во поглед на графиката ниту во поглед на приказната, но се одличен избор доколку вие или вашите деца сакаат да се забават со Jewelish Blitz, Bubble Woods, Road Fury, Bridge of Doom, и ред други.

Преку телефон или таблет, игрите се играат така што се допира екранот, а преку лаптоп, се користи тастатура и глувче. Сите игри се одликуваат со едноставна формула замислена да понуди инстантна, но краткотрајна забава. Вчитувањето на игрите е екстра брзо, а веќе се работи на значително проширување на моментниот избор.

Уште една причина за седење дома и уживање. :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии