Игнатиј Тасевски е победник на STEM натпреварот организиран од Young Engineers Skopje Macedonia

Над 100 ученици се натпреваруваа во првиот STEM (Science, Technology, Engenieering, Mathemathics) натпревар во Македонија.  Игнатиј Тасевски е победник на натпреварот, второто место го поделија Огнен Цацаноски и Теодор Веселинов, а трет беше Теодосиј Лазревски. Натпреварот се одржа на Факултетот за електротехника и информациски технологии.

Во текот на STEM наставата учениците со помош на лего коцки со мотор, градат моторизирани модели. Со помош на овие модели се запознаваат со основните принципи на математиката, физиката и инженерството. Вака низ игра децата учат многу повеќе, а поважнo и помнат повеќе. Основна цел на програмите е да се илустрираат инженерските принципи преку експерименти и демонстрирање, да ги направат децата да станат паметни и креативни генијалци кои ќе ги претставуваат следните генерации иноватори, научници и програмери.

„Ваквите натпревари овозможуваат децата да слушнат или да влезат во магијата на инженерството. На ваков начин, уште од најмали нозе, им се открива сосема нов свет и преку натпревар, тие се борат да стекнат што е можно повеќе знаења. Исто така, дел од овие дечиња ќе бидат наши идни студенти. Им честитам на добитниците“, вели деканот на ФЕИТ, професор д-р Димитар Ташковски.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии