iFixit во живо го расклопи новиот iPhone 11 Pro

Дејан Соколоски

во feature, Мобилни, Хардвер

Помалку како да подзаборавивме на iFixit и нивните уникатни претставувања на најдобрите уреди. Овој пат цел на алатот на iFixit е најновиот iPhone, 11 Pro.За телефонот веќе има доволно рецензии, но секако не може да се воздржиме да не ѕирнеме под маската. Ова е немонтирано видео и е малку подолго, но под 35 минути за прво расклопување на телефонот е импресивно.

Она што секојпат е интересно се алатките кои се користат за отворање на телефоните. За отворање на овој телефон за отстранување на екранот, видовме барем 4 алатки, што секако ќе придонесе кон конечната оценка за сервисирање. Веројатно единствената потврда за која не бевме сигурни кога хардверот е во прашање кај iPhone 11 е 4GB RAM меморија која доаѓа со телефонот и батеријата која е со капацитет 3110 mAh, што ги потврди претходните шпекулации за овој уред.

iPhone 11 (основната верзија) веќе има детална рецензија за можностите за сервисирање на iFixit, и може да ја погледнете тука.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии