iFixit ја расклопи Steam Machine; погледнете што се крие во новата конзола на Valve

За среќа на сите нас, iFixit се едни од бета тестерите на кои Steam им ја испрати новата конзола Steam Machine, и се едни од ретките кои наместо да пишуваат рецензија на конзолата, прво што им е во памет е да ја расклопат за да видиме од што е составена. Уредот доби една од највисоките оценки за поправки, 9 од 10, а според цената на деловите, iFixit ја проценува минималната цена на 1.300 долари, а дополнително тука е и контролерот. Конзолата која ја добија iFixit е една од 300 кои Valve ги испрати на тестерите и според најавите ќе доаѓаат во повеќе верзии со различен хардвер. Оваа верзија има Nvidia GTX 780, 1ТВ хибриден хардиск со 8 GB SSD од Seagate. Единствениот поен кој е одземен од едноставноста за поправање е поради малку потешката достапност до RAM-от кој на оваа верзија на Steam Machine може да се надгради до 16 GB и малку потешкото враќање на каблите на точните позиции при склопувањето.

[youtube]X35DhbZEEVc[/youtube]

Девет од десет е одлична оцена, уште повеќе што Valve го рекламира овој PC како конзола, но сепак цената на компонентите од 1.300, за конзола со i5 процесор за кои Valve најави дека ќе биде на средината сепак изгледа прескапо за посериозен напредок на пазарот. Steam Machine е двапати пoскап од Xbox One и Playstation 4. Еве го хардверот од козолата:

  • Процесор: Intel Core i5-4570 3.2GHz Quad-Core Processor
  • Кулер: Zalman CNPS2X CPU Cooleр
  • Матична плоча: ASRock Z87E-ITX Mini ITX LGA 1150
  • Меморија: 2хCrucial Ballistix Sport 8GB (1 x 8GB) DDR3-1600
  • Хард диск: Seagate 1TB 2.5″ 5400RPM Hybrid Internal Hard Drive
  • Графичка картичка: Zotac GeForce GTX 780 3GB
  • Куќиште: Silverstone ML04B HTPC Case
  • Напојување: Silverstone Strider Gold 450W 80+ Gold Certified Fully-Modular SFX
  • Дополнително: Silverstone Technology RC01 PCI Express Riser Card

 

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии