iFixit го расклопи паметниот часовник Moto 360

Импресивно е времето за кое iFixit успева да дојде до новите уреди и да ги расклопи. Последен во оваа категорија, паметниот часовник Moto 360. Расклопувањето на часовникот овозможи да ги видиме сите делови од OMAP 3 процесорот од Texas Instruments, до 320х290 дисплеј и батеријата. Интересно и покрај тоа што часовникот е најавен со 320mAh-батерија, iFixit по отворањето пронајде батерија од 300 mAh.

Што се однесува до можноста за поправка, според очекувањата е ниска – 3 од 10. Ова пред се поради големото количество на лепило со кое се затвора часовникот, непристапноста на батеријата и потребата за целосно расклопување на часовникот за замена на дисплејот.

[youtube]5TutR8FaaD4[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии