Ако ве интересира како изгледа новиот MacBook Air расклопен, iFixit дојдоа до уредот. Ова секако значи дека го расклопија и дека сега може да ѕирнеме внатре. Најверојатно најнепријатната вест е дека лаптопот е ужасен за сервисирање. Иако има куп модуларни делови сепак тоа не беше доволно да добијат оценка повисока од 3 од 10. Главна причина за ова е тешкиот пристап до тастатурата и RAM меморијата која е дел од плочката.
iFixit го расклопи MacBook Air 13″ Retina
Oд Дејан Соколоски
во Хардвер