IЕC вели дека еден полнач за лаптопи треба да владее со сите

Интернационалната комисија за електротехника (IEC) најави нов стандард за полначите за лаптоп компјутери со кои ќе може да се полнат повеќе типови на лаптопи. Новиот стандард има низа на спецификации од конекторот до приклучокот како и безбедност, интероперабилност, ефиканост и мерки за заштита на околината.

„Секоја година милијарди полначи се испорачуваат низ целиот свет. Напојувањата за преносните компјутери тежат околу 300 грама, но и до 600 грама. Вообичаено не може да се користат за различни типови на лаптопи. Понекогаш се губат или расипуваат, што доведува до замена на компјутери кои можеби сеуште одлично функционираат. Се проценува дека е-отпадот од сите полначи за ICT-уреди е 500.000 тони секоја година, што е еквивалент на 500.000 автомобили“, велат во известувањето од IEC.

Новиот полнач не само што ќе го намали загадувањето со е-отпад, туку ќе овозможи корисниците да користат еден полнач за повеќе компјутери. Ова ќе овозможи полесно производство на напојувањата, и ќе им го олесни користењето на корисниците.

За жал, компаниите не мораат да го променат предлогот и можат да продолжат да ги користат сопствените полначи како и досега. Засега единствен регулатор кој се обидува да направи нешто во врска со ова е Европската комисија, која подолг период се обидува да ја стандардизира неопходната опрема за паметните телефони, таблет или лаптоп компјутери. Се чини дека и овој пат повторно ќе мораат да се заложат за производителите да го направат тоа што изгледа логично, да го поедностават користењето на уредите за своите корисници.

„IEC се залага за креирање на конкретни, остварливи решенија на пазарот. Го поздравуваме придонесот од мнгу извири кој прават нашата работа да биде што е можно порелевантна. Резултат се state-of-art алатки кои им овозможуваат на регулаторите да иницираат остварливи програми за енергетска ефикасност и програма за контрола на отпадот. Исто така овозможуваат индустријата, развојните институции и другите заинтересирани конзистентно да развиваат подобри, поеконимични и енергетски ефикасни производи“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии