Иднината на The Walking Dead играта е во рацете на Роберт Киркман

Мартин Јованчевски

во гејминг

Како што најверојатно сте слушнале, Telltale, студиото зад култни авантуристички игри и наративни искуства, целосно згаснува. Од 250 луѓе, студиото се намали на 25, со ветување дека тие 25 луѓе ќе го завршат долго-очекуваното финале со Клем, во The Walking Dead. Набргу по таквата изјава, третата сезона од играта се повлече од сите продавници, а, неколку дена потоа, се дозна дека и преостанатите 25 вработени се отпуштени и дека студиото е на работ на банкротирање.

Многу гејмери станаа крајно разочарани од тоа што можеби никогаш нема да можат да го видат крајот кој telltale го имаат замислено со овој серијал. Според најновите извештаи, студиото ги има доведено првите три епизоди до одредена состојба, но ги нема чепнато последните две. Со само една излезена епизода, се ширеа гласини дека се бара ново студио да ја продолжи работата на играта. Од неодамна, се дозна дека таквото студио е Skybound Entertainment, на чело со Роберт Киркман – креаторот на стриповите и целиот универзум. Skybound веќе контактираат поранешни членови од telltale и ги вработуваат во нивните редови, како би можеле да им помогнат во довршување на играта. Сега за сега, играта и првата епизода се сеуште повлечени од продажба, но сите други игри на Telltale и понатаму се продаваат низ сите дигитални фронтови.

Се зборува и за тоа како еден вработен од Telltale, во име на повеќето вработени, го тужи студиото за преработеност и бројни неисплатени часови, како и незаконско отпуштање, без плаќање придонеси кои компанијата законски им ги должи на вработените.

Telltale работеше и на продолжетоци за игрите од Fables и Borderlands универзумите, како и на игра за Netflix телевизиското шоу Stranger Things.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии