Иднината на спортот, презентирана од Microsoft

Microsoft воопшто не претеруваа кога за HoloLens велеа дека ја трансформира целата соба во екран. Новата најава за финалето на NFL Super Bowl 50 доаѓа со неверојатно претскажување за иднината на преносите на спортските натпревари. Видеото Imagining the future for NFL fans преку погледот низ HoloLens ни покажува што може да очекуваме во иднина. Она што може да се забележи е најверојатно секоја можна примена: од разгледување на стадионот врз масичката во дневната соба, па сѐ до забавени снимки на акциите на истата масичка. A кому му треба телевизор доколку можете да го гледате натпреварот на најголемиот ѕид дома?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии