Иднината на игрите е во стримањето

Иднината на видео игрите е во стримингот или барем вака мислат креаторите на новата генерација на конзоли PlayStation 4 и Xbox One. Двете конзоли доаѓаат со поддршка за пренос од гејмплејот на TwitchTV, иако далеку поспремна е конзолата на Sony. Sony отиде дотаму што копчето за стрим го стави на дофат на играчите, директно на контролерот. Ова ќе отвори прозорец во кој играчот ќе може да ги сподели последните 15 минути од играњето или стрим во живо со или без вклучени микрофон и камера. Microsoft засега не нуди волкава едноставност при подесувањето на стримот засега е потребна и дополнителна опрема покрај конзолата. Сепак компанијата веќе најавува дека наскоро, од почетокот на 2014 година веќе ќе овозможат стримање на гејмплејот.

Двете конзоли стримот ќе го нудат преку TwitchTV кои се чини во моментов се без конкуренција кога станува збор за пренос од дигитален спорт. Видеа од игрите со коментар на авторот не ретко помагаат да се разбие досадата кога ништо не се случува или помеѓу долги пукотници и борби. Но, стримот оди во живо, па можеби дел од играчите ќе се вклучат со поддршка или совет, но голем дел од нив без сомневање ќе го нападне играчот и со навреди, вели TechCrunch.

Компетитивните играчи без сомневање ќе го поздрават новитетот, дел од нив можеби гледаат на овие преноси и како можност за сопствена презентација и како уште еден дополнителен дел од играта кој дополнително го зголемува адреналинот. Сепак се чини дека барем засега за најголемиот дел од играчите, видео игрите не се премногу забавни за директен пренос, иако кога станува збор за турнирско играње и натпреварите во живо стримингот веќе има голем број на приврзаници, а нивниот број постојано расте.

1 коментар на “Иднината на игрите е во стримањето

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии