Иднината на Google е вештачката интелигенција, вели Сундер Пичај

Паметните телефони се тука, и најголем дел од од индустријата и девелоперите се фокусирани на нив, но фокусот полека се поместува кон вештачката интелигенција. Вештачката интелигенција во следните 10 години ќе биде полето на кое повторно ќе се натпреваруваат истите компании, иако засега сè уште е сме во многу рана фаза, вели директорот на Google, Сундер Пичај, на Code Conference 2016.

Конкуренцијата на ова поле веќе е огромна, со Google кој ја предводи битката со своите роботи и вештачката интелигенција Deep Neural Network, додека Apple јa имa Siri, Microsoft Cortana, Facebook има ботови, a Amazon ја има Alexa. Главната причина за предноста не е единствено што Google работи на вештачката интелегенција подолго од другите, туку и изворот на информации што го има од пребарувањата, прашањата и потпрашањата кои ги добива секој ден, што ја прават вештачката интелигенција попаметна. Но, сите овие технологии се дизајнирани да реагираат на аудио барања што би требало да овозможи позначаен начин на интеракција од постојаното гледање во екранот, а со тоа и ќе се намали употребливоста на екраните за сè и сешто. Но засега екраните сè уште се корисни. Иднината на вештачката интелигенција е интересна, а за повеќе информации погледнете го интевјуто на Сундер Пичај за Recode.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии