Иднината е исполнета со стаклени транспарентни екрани, според Corning

Нормално производител на стаклени екрани највеќе од се би посакувал иднина исполнета со типот на продукти што тие го продаваат. Во овој случај се работи за создавачите на Gorilla стаклото. Gorilla стаклата веќе се користат во некои од производите на Apple, Dell, Nokia, Motorola, Acer и овозможуваат цврсто, отпорно на гребнатини, но и флексибилно стакло, перфектна комбинација за мобилни уреди што поминуваат низ џебови полни со клучеви и други непријатели на класичните стакла од екрани.

Corning не се единствен производител на стакла што се отпорни на гребнатини и флексибилни, но се единствените што прават волку оптимистичка проекција на иднината, инкорпорирајки врвни технологии заедно со веќе достапни, но не толку популаризирани технологии.

Можеби корисничкиот интерфејс што е претставен во ова видео ќе ве потсети на Minority Report кога за првпат во популарната кинематографија видовме транспарентни екрани контролирани со гестови на рацете, или во Iron Man каде што е присустен три димензионална верзија на кориснички интерфејс, сепак некои од овие технологии веќе постојат, некои од нив дури комерцијално, но за жал сеуште не во масовно производство.

[youtube]jZkHpNnXLB0[/youtube]

Во второто видео можете подетално да видите кои типови на екрани се веќе достапни, кои се сеуште во развој и која улога игра Corning во унапредувањето на ваквата технологија, освен со создавање на вакви забавни презентации на можностите во блиската иднина.[youtube]X-GXO_urMow[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии