Иднината е електрична, Volkswagen инвестира 20 милијарди евра во батерии

Пред две години Volkswagen беше во фокус на скандал. Компанијата тогаш прикажуваше лажни резултати за загадувањето на нивните возила.

Во 2015 година компанијата беше обвинета дека ги нагодува податоците од уредите инсталирани во возилата. Возилата од компаниајта на независни тестови за емисија на јаглерод диоксид покажаа поинакви резултати. Причина за ова беше таканаречен „defeat device“ кој го отстрануваше ограничувањето на емисии на гасови. Дел од скандалот беа најпопуларните возила на Volkswagen: Audi A3, Jetta, Beetle, Golf и Passat. Компанијата тогаш призна дека „defeat device“ е инсталиран во 11 милиони возила.

По две години, Volkswagen се обидува да направи сериозен напредок со електрични возила кои нема да загадуваат. Компанијата пронајде партнер кој ќе произведува батериии за нивните возила. Цената на батериите кои Volkswagen ќе ги купи од партнерот е 20 милиони евра. Партнерот е за автомобилите во Европа и Азија, а за Северна Америка компанијата сè уште нема одбран партнер, но најавата е дека може да го очекуваме наскоро.

Но, определбата на Volkswagen за електрични возила не застанува на ова. Компанијата планира до 2022 година да го зголеми бројот на фабрики кои произведуваат исклучиво електрични возила на 16. Во моментов на електрични возила се фокусирани единствено 3 фабрики на Volkswagen, јави Reuters. Компанијата до 2025 година сака да започне да продава по 3 милиони електрични возила. Секој од 300 модели на возилата од Volkswagen ќе има сопствена електрична верзија до 2030 година.

За електричните возила, технологија за автономија и нови платформи до 2022 година Volkswagen планира да инвестира 34 милијарди долари.

Можеби ова и не треба да биде никакво изненадување. Најголем дел од државите до 2030 година ќе забранат или значително ќе ги ограничат пазарите на кои компаниите ќе можат да продаваат возила доколку не се прилагодат.