„Не верувам дека ќе има еден уред. Ќе имаме уред со целосен екран кој ќе го носиме наоколу и ќе читаме многу повеќе на него… верувам во таблет формата, еволуцијата на пренослив компјутер и еволуцијата на телефонот ќе се преклопат. Можеби ќе има некоја хардверска тастатура или нешто такво. “ вели Бил Гејтс.

До него седеше Стив Џобс, директорот на Apple, кого го прашаа истото прашање.

„[уредот кој ќе доминира во следните 5 години] ќе биде персоналниот компјутер кој ќе е потесно поврзан со интернет услугите или нешто такво. Секако персоналните компјутер стануваат мобилни се повеќе, така да мислам дека PC-то ќе продолжи.“ објасни г-дин. Џобс додавајќи „Има експлозија на пост-PC уреди? Пример iPod. Има многу од нив што не се… Постои категорија на уреди кои немаат генерална намена, туку се наменети за специфични функции, дали се телефони, iPod-и, Zune итн. Мислам дека таа категорија на уреди ќе продолжи да биде доста иновативна.“

Само неколку месеци подоцна стартуваше iPhone револуцијата, а со тоа дојде и iPad-от. Секако дека Apple e компанијата која ги претстави уредите, а не Microsoft. Бил Гејтс иако во право за таблетот, сепак спомна „хардверска тастатура“ додека допирот е тој што ги направи работите интересни. Но… г-дин. Џобс пак јасно беше сконцентриран на специфични уреди, пред се телефони. За време на интервјуто тој се спремаше да го објави iPhone, па можеби си го промени мислењето откако го виде ефектот на iPhone врз светот?

Погледнете го видеото и одлучете сами. Доколку сакате да го гледате целото интервју на AllThigsDigital со двата ИТ генијалци ги има продолжувањата на YouTube. (десен клик на видеото -> watch on YouTube -> oд десна страна се видеата)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии