ICANN ја предводи интернет револуцијата, започна аплицирањето за .генерички домени

Организацијата одговорна за имињата и бројките на интернет адресите, ICANN, дозволи нови топ-левел домени кои можат да имаат специфични имиња како .cocacola, .itcommk, .eco, .bank, .wine, .makedonija, .pepsi, .audi итн.

„Светот на .com, .gov, .org и други топ-левел домени наскоро ќе биде продолжен да вклучи секакви зборови од многу различни јазици. За прв пат, генеричкиот топ-левел домен ќе вклучува зборови од не-латински јазици, како кириличните, кинеските или арапските јазици.“

Според ICANN, ова продолжување на Domain Name системот (DNS) ќе го смени Интернетот. Домените можат да верификуваат дека се работи за правата компанија, што ќе помогне при спречување на онлајн измамите. Но, иако звучи забавно, сепак планот си има свои критичари. Многу компании како Hewlett-Packard, Kellog, Coca-Cola, Ford, Gap и други веруваат дека ќе потрошат милиони долари за да си ги заштитат брендовите со тоа што ќе мора да ги регистрираат сите домени со имиња на брендовите за да ги заштитат од злоупотреба. Пример, Coca-Cola Co ќе треба да го купи .cocacola, .fanta, .sprite итн.

Проблемот е што не секој може да регистрира генерички топ-левел домен. За апликација се потребни 185.000 долари и 25.000 долари годишна наплата, што е многу повеќе од 10-те долари потребни за регистрација на .com домен.Рокот за аплицирање е до април, а ите апликанти ќе бидат објавени на крај на април 2012 година, а првите домени ќе бидат активни од 2013-та. Потоа нема да има нови апликации во следнице две-три години за да може да се тестира системот.

Интересно, ако две компании имаат исто име и бараат да аплицираат за ист домен, тогаш ICANN ќе им предложи да се договорат. Во случај да не се договорот, доменот ќе биде ставен на аукција што значи ќе чини многу повеќе и пофинансиски моќната компанија ќе го добие.

Високата цена за апликација ќе може да се преголта од големите корпорации, и од тие што сакаат да изградат бизнис модел на основа на генерички имиња, пример .car или .milk, но што е со помалите компании кои не можат да си дозволат да регистрираат свој домен? Дали тие ќе бидат изоставено во „новиот Интернет“? Според ICANN, одредени групи ќе можат да добијат попуст за аплицирање, но тој би бил намален само до 50-тина илјади долари, што е пак премногу за помалите бизниси.

Една идеја помалите брендови да ги искористат новите генерички домени е да pla’aat на сопственикот за доменот. Пример, ако Скопје го регистрира .skopje доменот ќе може да го продава на локалните бизниси кои сакаат да ја истакнат локацијата. Пример, pekara.skopje, pekara.kumanovo итн. Но, за секој регистриран домен ќе мора да му се плати по 25 центи на ICANN.

4 коментари на “ICANN ја предводи интернет револуцијата, започна аплицирањето за .генерички домени

  1. Многу ме нервира виртуелизацијата на капиталот. Еден доказ за тоа е и закупувањето на Клауд просторот, сега ова со домените и на крај ќе дојде до неконтролирани вложени финансии на нематеријално нешто кој ќе има огромен негативен импакт на глобалната економија. Ако не сум во право, ке си ја искинам дипломата :D

  2. ОК е ова, ама да е само за бренд имиња не и за генерички зборови затоа што така ќе се створи нелојална конкуренција и ново групирање и сл.

    Прашање е ако регистрирам .sony ќе мора да има нешто пред него така? Значи пак ќе треба да се поторшат дополнителни пари за промоција на доменот. Вака знам дека е sony.com а така што би ставил пред .sony ??

    1. Play.sonyplaystation, buy.sony, epic.sony :) Има доста креативност, иако може да се случи хаос, иако сега повеќето луѓе не се замараат со име на домен се додека имаат линк за кликање на Facebook, Тwitter итн.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии