IBM и Google се блиску до комерцијални квантни компјутери

Само неколку години ќе бидат доволни за квантните компјутери на IBM и Google да се преселат од лабораториите на пазарот, прогнозираат експерти од двете компании. Двете компании се во трка за кој ќе го понуди првиот квантен компјутер, пишува Tom’s Hardware.

Google и IBM веќе имаат квантни компјутери кои се 9-qubit и 5-qubit. Ова не е доволно за големи пресметки, но поради природата можат поедноставно да решат некои проблеми. Пример 9-qubit квантиот комјутер на Google, може прецизно да симулира молекула на водород. IBM има и 20-qubit универзален квантен компјутер симулатор.

Двете компании предвидуваат и дека во следните неколку години квантните компјутери ќе успеат да решат барем неколку проблеми за кои денешните компјутери не се доволно моќни. Еден дел од овие проблеми се и симулации на хемиски процеси за кои денешните компјутери не се доволно моќни. Овој напредок би можел да донесе значителен напредок во повеќе индустрии. Двете компании сметаат дека пред квантните компјутери да можат да достигнат супериорност мора да биде креиран 50-qubit компјутер.

IBM веќе најави план со кој ќе го изнајмува 20-qubit квантниот компјутер на компаниите за решавање на проблеми. Овие машини нема да можат да решат проблем кој не може да се надмине со некој од денешните супер компјутери, но тоа е предвидено за следните неколку години. Google планира првиот 50-qubit универзален квантен компјутер да го креира во 2018 година.

За разлика од класичните компјутери на кои мора да им бидат дадени сите податоци, квантните компјутери можат да препознаваат модели и доколку некои податоци недостигаат, тие ќе можат да ја попoлнат оваа празнина.

Без сомневање следните неколку години ќе бидат интересни и ќе бидеме сведоци на брз развој.

3 коментари на “IBM и Google се блиску до комерцијални квантни компјутери

  1. Ќе може ли да ми дадете референца од каде ви се овие податоци? Дали се веродостојни? UK Ministry of Defense има поинакво предвидување на оваа тема: квантните компјутери ќе бидат достапни за секојдневна употреба до/околу 2045!

    1. Здраво!

      https://www.wired.com/2017/03/race-sell-true-quantum-computers-begins-really-exist/
      http://www.tomshardware.com/news/ibm-google-quantum-computers-commercialization,33817.html
      https://www.cnet.com/news/ibm-quantum-computers-business-moores-law-qubit/

      Ми изгледа дека и предвидувањата на UK Ministry of Defense си се ок. IBM и Google се два квантни компјутери, не ми изгледа ќе биде отворен пристап. Можеби за истражувачи за секојдневна употреба најверојатно не.

      1. Фала за линковите и за статијата! Интересно, но сепак ми се чини дека 20+ години се премногу за да се стигне од иновација до секојдневна употреба.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии