IBM го надмина Microsoft, стана втората највредна ИТ компанија

Мартин Јовчески

во Свет

International Business Machines, или попозната како IBM, го надмина технолошкиот гигант Microsoft во пазарна вредност за прв пат од 1996 година. Со ова IBM е втората по вредност технолошка компанија во светот, веднаш зад Apple, а четврта по големина компанија во светот.

Вредноста на IBM моментално се проценува на 214 милијарди долари, додека Microsoft е само една милијарда зад IBM со 213 милијарда долари. Најголемата вредност Microsoft ја има во 1999 година кога вреди 600 милијарди долари, од тогаш оваа бројка постојано опаѓа. Во изминатата година акциите на IBM имаат пораснато за 34 отсто, додека акциите на Microsoft само 3,4 отсто.

IBM, компанија која во јуни наполни 100 години, пред шест години го продаде бизнисот со персонални компјутери за да се фокусира на корпоративен софтвер и услуги. Минатата година 44 отсто од вкупната заработка на IBM се должи на корпоративниот софтвер, или во бројки тоа е 20,78 милијарди долари. Ова покажува дека акцентот не е повеќе на персоналните компјутерите. Microsoft губи на вредност бидејќи ја нема истата доминантност на пазарите за мобилни уреди и интернет пребарување како што ја има за персонални компјутери.
Минатата година Microsoft беше надминат од Apple, компанија чија пазарна вредност изнесува 362 милијарди долари, и тоа благодарение на паметниот телефон iPhone, како и таблет компјутерот iPad.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии