IBM гo претстави првиот комерцијален blockchain

IBM е првата компанија која претстави комерцијална примена на отворениот код на Hyerledger, Fabric. Компанијата го претстави IBM Blockchain, и првата официјална примена.

„Hyperledger Fabric е оперативен систем за IBM Blockchain, а IBM Blockchain изгради средина за развој, управување и производство на авторизиран Blockchain.“, вели Џери Кумо од IBM за CoinDesk.

Технологијата е совршена за банките. SecureKey е еден од партнерите на IBM и ќе ја претстави својата мрежа која ќе биде поддршка за повеќе канадски банки. Новото решение ќе го поедностави верификувањето на идентитетот на корисникот. Технологијата ќе овозможи поедноставно, побрзо и поевтино споделување на податоците на клиентите помеѓу банките. Дополнително, користењето на blockchain ќе го намали и обемот на податоци кои банките ќе ги разменуваат за клиентите, со што ќе се овозможи поголема приватност.

Втората претставена технологија е Carbon. Компаниите со помош на технологијата развиена од кинескиот стартап Energy-Blockchain Labs Limited ќе можат да си разменуваат незелени гасови. Технологијата им дозволува одредена количина на јаглеродни емисии во месецот кои тие можат да ги разменуваат меѓусебно. За жал, ова изгледа дека ќе им овозможи на компаниите да креираат максимални загадувања, наместо да соработуваат на откривање на зелени решенија.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии