IBM: 5 предвидувања за следните 5 години

IBM секоја година има супер пракса да предвидува луда технологија која ќе биде реалност во следните пет години. Името на предвидувањата е исто од почетокот :„Five in Five“.

Еве ги предвидувањата за 2022:

Вештачката интелигенција ќе отвори нов прозорец за менталното здравје

Вештачката интелигенција ќе ни помогне да дознаеме многу повеќе за нашето ментално здравје во 2022. Компанијата предвидува дека вештачката интелигенција ќе може да го анализира нашиот говор и пишување за да го анализа нашето менталното здравје. Дополнително различни апликации ќе можат да се користат за рана детекција на Паркинсонова или Алцхајмерова болест.

Сите ќе имаме вид како супер-херои

Нови уреди кои ќе користат hyperimaging технологија во иднина ќе ни овозможат многу подобар вид. Вештачката интелигенција ќе ни овозможи поглед во многу поголем фреквентен спектар. Овие уреди ќе бидат преносни и достапни, па секој ќе може да ги користи секојдневно, предвиде IBM.

Макроскопи ќе ни помогнат да ја увидиме комплексноста на земјата

За пет години со помош на вештачката интелигенција и софтверите многу поедноставно ќе може да се организираат податоците. Ваквото организирање на податоците од милиони уреди ќе го прошири разбирањето на луѓето. За разлика од микроскопите кои може да ги гледаат и најситните детали, макроскопските податоци ќе овозможат анализа на комплексните податоци.

Лабораторија на чип, револуција во медицината

Помали и помали компјутери во иднина ќе ја револуционизираат медицината. Паметните телефони и денес се супер моќни и овозможуваат мини лабораторија на терен. Но уште помали чипови ќе може да се користат како нано сензори. До 2020 IBM предвидува нано компјутер, доволно моќен да замени цела биохемиска лабораторија. Овие чипови ќе можат да ја анализираат крвта и биомаркерите, за дијагноза на опасни заболувања.

Анализа на загадувањето со брзина на светлината

За пет години мрежа сензори поставени околу изворите на природен гас, нафтените извори, магацините, ќе помогнат да се детектираат и најмалите извори на загадување. Ваква мрежа на IoT сензори која ќе биде поврзана на облакот ќе овозможува постојан надзор и ќе овозможува пронаоѓање на изворите за загадување за неколку минути.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии