Иако не успеа како друштвена мрежа, преценетиот Color ќе стане дел од Apple

Апликацијата за споделување фотографии и видеа Color, која собра 41 милион долари инвестиција веднаш откако стартуваше, сега е блиску да биде продадена на Apple. Според неименуван извор на The Next Web, аквизицијата е прашање на време, бидејќи е останува само да се потише договорот.

Color имаше потенцијал да прерасне и во друштвена мрежа за споделување слики и видеа. За жал реализацијата не е на истото ниво како очекувањата, иако можеби поточно е дека Google ги надмина кога станува збор за стримање на видеа. Поради ова се појавија вести дека одборот на директори изгласал затварање на стартапот. Color Labs набрзо ја демантираше веста, но веднаш по ова следеше веста за аквизиција на Color Labs од Apple.

Apple би можел да биде заинтересиран заради талентот од компанијата, но освен ова Color Labs имаат и неколку патенти кои би можеле да го заинтересираат гигантот. The Next Web известува дека од патентите за кои можеби се заинтересирани Apple се за снимање на HD видеа, патенти околу GPS лоцирање и патент за поефикасно користење на батеријата.

Цената за која Color Labs би се интегрирал во Apple не обелеодентета, но се шпекулира за висока двоцифрена сума. Интересно е и што Color Labs е втор стартап на Бил Нгуен, откако ја продаде LaLa за 80 милиони долари на Apple.

1 коментар на “Иако не успеа како друштвена мрежа, преценетиот Color ќе стане дел од Apple

  1. Оти ми го избриша коментаро бе Гајтан – Веѓа??? Ако си неписмен оди вработисе во Галеб Охрид со тие веѓите споени печати да клаваш

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии