Беше прашање на време кога македонските компании од фелата ќе се здружат и заеднички ќе седнат да ги „средат” работите на интернет пазарот во Македонија, вели Савица Кусакатски, претседател на новоформиранотo Биро за интернет огласување во Македонија (IAB Маcedonia). Oва здружение беше официјално претставено на AllWeb со најава дека ќе помогне да се воведат стандарди за  банери, метрики, едукација на пазарот, како на огласувачите, така и на маркетинг агенциите.

IAB Macedonia би требало да ги има сите можности да го „среди“ интернет маркетингот во Македонија бидејќи ги има најпопуларните сајтови и скоро сите маркетинг агенции на своја страна. Основачи на здружението се Httpool, NextSense, Time.mk, Кајгана, ЦрноБело Медиа, Off.net.mk, Publicis, Media Solutions, Mccann Erickson, Република, New Moment, IWM Network, New Media Mk и куп други искусни огласувачи и агенции.

Сепак, предизвикот пред IAB Мacedonia е огромен бидејќи само 0,1 отсто од огласувањето оди на Веб, а огромен дел оди на презема телевизијата која е доминантен медиум во земјата. Затоа разговаравме со г-ѓа. Кусакатски за плановите на IAB и како организацијата ќе помогне во подобрување на онлајн маркетингот.

Кои се почетоци на ова здружение?

Формирано во 1996 година, бирото за Интерактивно огласување IAB е организација која го промовира интерактивното огласување во Европа. Вооедно ги штити интересите на индустријата преку активна програма на едукација, вршејќи неопходни истражувања на пазарот во поглед на метрики за посетите на Интернет страни, како и висината на потрошувачката за онлајн рекламирање. IAB работи и на професионализација на индустријата (интернет огласување) дефинирајќи ги стандардите за рекламирање на Интернет.

Дали мислиш дека вакво здружение може да ја промени маркетинг идеологијата во Македонија?

Искуствата од регионот говорат во полза на промена на состојбите на интернет пазарот. Верувам дека и ние ќе успееме да ја промениме идеологијата, односно јасно ќе ги пренесеме користите од интернет огласувањето и ќе го зголемиме колачот на рекламирање на интернет во целокупниот буџет за рекламирање.

(Преставници на IAB од Унгарија, Бугарија, Србија и Македонија на All Web. Via New Media MK/Flickr)

Кои се плановите на IAB Macedonia за 2013 година, кои конкретни активности ги имате на ум?

Дел од планираните актовности за 2013 година се метриките. Комисијата за објективно мерење на посетеноста на сајтовите во Македонија, работи на оваа проблематика и во почетокот на следната година ќе излеземе со препорака до членките на IAB  за компанија која ќе работи на мерење на посетноста на интернет сајтовите и демографија на посетителите. Едукацијата ќе биде наша главна преокупација во текот на цела 2013 година, и во тие рамки ќе се организираат подиумски дискусии во директна корелација со интернет огласувањето.

Дали IAB ќе стимулира или на некој начин поддржи воведување на иновативни модели за плаќање на интернет просторот, како, на пример, CPM (cost per mile)?

Дефинитивно, IAB Македонија повикува на промена на ценовните модели и прифаќање на нови, охрабрувајќи ги Интернет страните да го преземат првиот чекор. Поддршката од IAB ќе биде насочена во дополнителна едукација на пазарот, пред се на огласувачите и маркетинг агенциите од ефектот на моделот „Цена на илјада прикажувања“ (или како што во нашиот жаргон е неофицијално прифатено – „цена по импресија“).

Дали маркетинг менаџерите во компаниите пројавија интерес за следење на активностите на IAB?

Да,  генерално иницијалната реакција на маректинг менаџерите беше позитивна. Сите ја поздравија идејата околу формирањето на Здружението.

Kaко здружение чии основачи се маркетинг агенциите, што мислите за моменталните препукувања меѓу некои медиуми за рангирањето на Alexa?

Ова прашање и лично ме погоди. Коментарите и преписките за рангирањето на Alexa настана единствено како резултат на недоволната информираност. Токму затоа и целата на постоењето на Здружението е и едукацијата на пазарот за теми кои се директно поврзани со Интернет огласувањето, во кој ќе се обработуваат и теми за онлајн метрики.

Кој може да биде дел од IAB Macedonia, и како да стане член?

Секоја компанија или поединец, која (кој) сака да придонесе во развој на интернет пазарот во Македонија, која има идеи и предлози за подобрување на состојбите на интернет пазарот е добредојден-а во IAB Македонија. Повеќе информации може да се добијат на www.iab.mk.

5 коментари на “IAB Мacedonia ќе ги среди работите на интернет пазарот, вели Савица Кусакатски

  1. Pingback: Iab Macedonia
  2. Кајгана, ЦрноБело и Off.net.mk се најпопуларните сајтови во Македонија? Па добро, вие нормални сте?

    Не знам од кој "најпопуларен" сајт доаѓа госпоѓава Кусакатски, но уште во старт излегува на виделина "искреноста" на намерите и "легитимитетот" на организацијата. Типична македонска работа…

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии