И Xiaomi најавува телефон со флексибилен екран

Дејан Соколоски

во Хардвер

Image courtesy of Xiaomi

Без сомневање следната технологија која ќе ги освојува телефоните ќе биде можноста за превиткување на екранот. Најпрво Royole Corporation го претстави Royole FlexPai, потоа Samsung го најави Galaxy F и Infinity Flex Display. Последно додаден на оваа листа е телефонот на Xiaomi. Компанијата го најави својот телефон и засега делува чекор пред конкуренцијата. Секако за ова ќе треба да почекаме и да ги погледнеме финалните верзии на телефоните, а не нивните најави.

За разлика од конкурентите кои се превиткуваат на половина, телефонот на Xiaomi се превиткува на три дела. Средниот дел кој делува како да е главен екран на телефонот е два пати поширок од двата странични кои се превиткуваат под него. Засега нема премногу податоци кои не можеме да ги забележиме на видеото. Она што можеби и може да ви „избега“ е дека телефонот е со MIUI Android, што веројатно треба да е потврда дека Xiaomi успеа да ја прилагоди својата верзија на оперативниот систем и за флексибилните екрани.

Она што е важно да се истакне во оваа ситуација е дека компанијата не го потврдила масовното производство на телефонот. Портпаролот на Xiaomi за TechCrunch објасни дека засега очекуваат реакции и фидебек од корисниците. Ако има интерес ќе ја разгледаат можноста да започнат со масовно производство на телефонот со флексибилен екран. Корисниците може да се вклучат во дискусија на Weibo. Сепак тука дискусиите се на кинески и нема многу простор да придонесе некој кој не го зборува јазикот.

Покрај овие три компании, Xiaomi, Samsung и Royole најава за флексибилни уреди има и од Huawei и од Lenovo. Со ова Apple е единствената компанија од топ 5 производителите кои не најавиле телефон кој се превиткува.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии