И вештачката интелигенција има авторски права на своите текстови (барем во Кина)

Судот во Шензен одлучи дека и текстовите кои се напишани од вештачка интелигенција подлежат на заштита на авторски права. Судот оваа одлука ја донесе на во спорот помеѓу Shanghai Yingxun Technology и гигантот Tencent.

Tencent за дел од вестите кои ги споделува користи вештачка интелигенција како автор на текстовите, поточно софтверот Dreamwriter. Овој софтвер се користи за пишување на статии од бизнис и финансискиот сектор. Во 2018 Yingxun Technology реплицираше текст на Dreamwriter со напомена дека текстот е автоматски напишан од „робот“. Сепак судот одлучи дека и во овој случај има оригиналност во содржината и може да се разгледува како пишан  текст, вели VentureBeat. Обвинетите не само што го избришаа текстот туку и платија казна од 217 долари. Казната е симболична, но одлуката на судот веројатно ќе биде пример и во иднина.

Одлуката донесена во Кина не претставува преседан за остатокот на светот каде законите се поинакви. На пример во САД носител на интелектуална сопственост може да биде само човек. Слично во Европа, неодамна беа одбиени две барања за заштита на интелектуална сопственост каде машина беше наведена како иноватор, додава VentureBeat.

Ова е прв случај поврзан со авторски права за текст пишан од алгоритам или вештачка интелигенција. Алгоритми од поодамна се користат за пишување на текстови и веќе е проблем да се разликуваат од со статии напишани од новинари за луѓе кои редовни не ги следат овие содржини. Помеѓу корисниците на автомати за пишување на текстови е и Associated Press кои за спортски текстови за безбол користи технологија.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии