И Spotify планира сопствена видео содржина

Музичкиот сервис Spotify најавува веб видео сервис преку кои би можеле да додадат видео содржини за своите корисници. Компанијата веќе преговара со неколку дигитални медија плеери околу можна соработка, јавува Wall Street Journal.

Компанијата не сака да го започне новиот сервис од нула, туку веќе преговара со компании кои креираат видео содржини на YouTube, со кои би се договориле околу префрлање на содржините на нивниот сервис, но и можност за креирање авторска видео содржина. Покрај ова преговори се во тек и со неколку помали традиционални кратори на видео содржина. Планот на Spotify би можел да биде објавен веќе на 20 мај за е најавен медиумски настан во Њујорк.

Компанијата има 60 милиони корисници, но барем засега работи без профит. Видео содржините би доаѓале за корисниците кои плаќаат претплата и за корисниците кои бесплатно го користат Spotify, а сервисот најверојатно би доаѓал со реклами за тие што не се претплатници.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии