И Samsung подготвува паметен часовник за да му конкурира на Apple

Јужнокорејскиот Samsung развива паметен часовник со кој ќе му конкурира на Apple, кој исто така работат на вакви рачни уреди кои ќе бидат како додатоци на паметните телефони, пушува Bloomberg. Преку рачните часовници ќе можете да стартувате апликации, да мерите пулс, но и да правите повици. Можеби сега ви звучи чудно да носите таков уред наместо класичен часовник, но Samsung и Apple се согласуваат дека тие се баш уредите кои ви ги недостасуваат.

Интересно, иако Apple е таинствен кога се работи за нов производ – за новите паметни часовници дознаваме преку анонимни извори – Samsung пак е доволно отворен да ги открие своите планови. Но, не мислите дека отвореноста нема маркетинг цел да генерира интерес во тие уреди бидејќи, пред се, Samsung молчеше се додека не се дозна дека Apple има 100 дизајнери кои работат на продуктот.

„Се подготвувавме за часовник многу време. Работиме навистина напорно да ги направиме. Подготвуваме продукти за иднината, и часовникот дефинитивно е еден од нив.“, вели потпретседателот на Samsung, Ли Јон Хи за Bloomberg.

Според аналитичарите, пазарот на рачни часовници генерира над 60 милијарди долари од продажби секоја година, а Apple и Samsung ќе можат да влезат лесно во тој пазар со своите гаџети, кои ќе бидат комплиментарни на паметните телефони – пазар кој и двете компании го освоија, но и гo загушија нудејќи фантастични уреди на секои 10 месеци. И Samsung и Apple очекуваат помали продажби на паметни телефони во следниве квартали споредено со претходните две години.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии