И One стартува Android натпревар

На натпреварот можат да учествуваат сите кои ќе се пријават најкасно до 30.09.2010. Пријавата треба да го содржи концептот на идејата за апликацијата. Изработката на апликациите е најкасно до 19.11.2010. Еден од условите е апликацијата да е на македонски јазик. Потоа од 20.11 до 20.12.2010 ќе биде објавена листата, по што ќе следи и наградување на најдобрите Android апликации.

Наградата за прво место е 6.000 евра (366.000 денари) и пат во Лондон со посета на седиштето на HTC. Второто и третото место ќе добијат 4.000 евра, односно 2.000 евра. А најдобрите 10 апликации ќе добијат по еден HTC телефон.

Апликациите по завршување на One Аndroid предизвикот ќе бидат објавени на wep.planet.mk и на HTC мобилните телефони, но ќе можат да се нудат и самостојно.

Интересно, авторите ќе треба да отстапат одредени авторски права на One. Aпликациите ќе мора една година да го носат логото на One и ќе мора да ја отстапат апликацијата за рекламирање.

„Ако развиената апликација предвидува и простор за тргување со рекламен простор развивачите на победничките апликации се должни на организаторот во период од една година по завршувањето на наградниот натпревар на организаторот да му отстапат простор за рекламирање внатре во апликацијата за промоција на понудата и на услугите на ОНЕ АД СКопје.“ пишува во правилата за учество.

Повеќе за One Android натпреварот ќе најдете на официјалната страна.

3 коментари на “И One стартува Android натпревар

  1. Zasto nemoze da se instalira Skype na HTC Hero so OS android 2.1, na Nimbuzz rabotese do 01.11. 2010 god. sega tamu veke nema podrska,isto taka vo Android Marketot nema aplikacija za Skype.
    na web stranata na Skype.com ja dava instalacijata ama potoa vo tel. nemoze da se instalira.
    Dali moze da mi kazete vo sto e problemot.

    pozdrav.

  2. "Aко развиената апликација предвидува и простор за тргување со рекламен простор развивачите на победничките апликации се должни на организаторот во период од една година по завршувањето на наградниот натпревар на организаторот да му отстапат простор за рекламирање внатре во апликацијата за промоција на понудата и на услугите на ОНЕ АД СКопје."

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии