И Olympus ќе претстави свои oчила со проширена реалност – MEG 4.0

Само една недела откако Google на својата I/O конференција ги претстави свои очила – Project Glass, па и патентот од Apple кој ни открива дека и тие работат на свои очила со проширена реалност, покуси не останаа и Olympus кои најавија свои очила кои ги нарекуваат MEG 4.0.

Olympus, компанијата која се занимава со изработка на фотоапарати, објави прототип на своите наочари кои имаат Bluetooth кој се користи за поврзување со вашиот паметен телефон и ја користат својата Olympus оптична технологија за да претстават најголема можна слика.

Според најавата, MEG 4.0 ќе користи QVGA дисплеј со димензии 320 х 240 пиксели и осум часовна издржливост на батеријата во „наизменичен дисплеј“ мод кој се вклучува за 15 секунди на секои 3 минути. За разлика од Google Glass, очилата на Olympos ќе немаат камера, но затоа компанијата верува деќа ќе понуди добро искуство со содржина во проширената реалност.

Нема најава за цената ниту кога датумот ќе излезат во продажба.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии