И Microsoft претстави своја платформа за следење на здравјето

По Apple и Google, и Microsoft побрза да додаде своја здравствена платформа. Microsoft Health е сервис во облакот каде корисниците и индустријата ќе си ги складираат здравствените и фитнес податоци. Апликацијата ќе биде достапна на трите најпопуларни мобилни платформи Android, iOS и Windows Phone. Microsoft Health ќе наликува на сличните услуги од Google и Apple, односно ќе ги прибира податоците од сите фитнес апликации и услуги,a потоа корисниците ќе можат да ги разгледуваат на едно место бројот на чекори, калории, работа на срце и слично.

Заедно со новата платформа компанијата претстави и паметната бразлетна, Microsoft Band, која е наменета за корисниците кои сакаат да живеат поздраво и да бидат попродуктивни. Microsoft Health на почетокот доаѓа со подршка од UP од Jawbone, MapMyFitness, MyFitnessPal и RunKeeper.

„RunKeeper е воодушевен што може да му се приклучи на Microsoft на нашата заедничка мисија да охрабриме на поздрав и поактивен живот. Единствена отворена дестинација за фитнес податоците ќе ни овозможи да имаме подобар преглед во над 36 милиони корисници од целиот свет која го користат RunKeeper и го искусуваат задоволството на трчањето“, вели Џејсон Јакобс основач на RunKeeper.

Паметната алка има 10 сензори на едно место кои се наменети за 24 часовно користење, за корисниците кои одат во фитнес центар, сала за вежбање или се на работа. Покрај можноста за забележување на потрошените калории паметната лента ќе испраќа нотификација за телефонски повици, имејл, текст пораки и нотификација од друштвени мрежи. Цената на Microsoft Band ќе биде 200 долари, а веќе е достапна во продавниците на Microsoft.

[youtube]CEvjulEJH9w[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии