И MediaTek го претстави својот прв 5G чип

Дејан Соколоски

во Вести, Хардвер

Image courtesy of MediaTek

MediaTek подолг период е алтернатива и конкуренција на Snapdragon процесорите во Android уредите. Затоа и не изненадува што компанијата подолг период го развива новиот процесор за 5G мрежа. Она што е изненадување е дека Dimensity 1000 5G SoC е побрз на AnTuTu бенчмарк тестовите од Snapdragon 855 Plus и Kirin 990.

MediaTek досега секако не беше позната по неверојатните перформанси. На AnTuTu процесорот оствари 511 000 поени. Dimensity доаѓа на пазарот на почетокот на 2020, а веројатно до тогаш ќе видиме и што има да понуди конкуренцијата. Вообичаено процесорите на тајванскиот производител доаѓаат во телефоните од неколку поголеми кинески производители. Xiaomi, Oppo и Vivo веројатно и овој пат ќе бидат најголеми купувачи.

Dimensity 1000 доаѓа со 7 nm архитектура, 4 Arm Cortex-A77 јадра на 2.6GHz и 4-ефикасни јадра Cortex-A55 на 2.0GHz; интегриран 5G модем; 3 APU процесори за процеси врзани со вештачка интелигенција. Ова ќе биде и еден од првите процесори кој ќе доаѓа впарен со Mali-77 графички процесор. Она што веројатно е поинтересно ќе дојде покасно кога ќе може да направиме споредба на Snapdragon Qualcomm 865 со овој процесор.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии