И Lenovo претстави свој Windows 8 хибрид

Lenovo е последниот производител кој ги претстави своите Windows 8 уреди. Како и Surface на Microsoft, но и голем број други уреди, и Lenovo акцентот го ставен на хибридните таблети.

Концептот на Yoga 11 и 13 е едноставен лаптоп чија тастатура можете да ја завртите за 360 степени. Со ова ноутбукот се претвора во таблет кој го користи делот со тастатурата како потпора за таблет компјутерот. Yoga 11 и Yoga 13 работат на Nvidia Tegra 3 процеро, односно на Intel i5 и i7, имаат резолуција од 1366 x 768 и 1600 x 900, со RAM од 2 до 8 GB и простор до 256 GB. Имаа опција за WiFi и Bluetooth поврзување, а камерата има поддршка за 720p видео.

Тоа што е интересно е дека Yoga 11 е единствениот уред кој нема да биде „чист“-таблет, а ќе работи со Windows RT оперативен систем. Цените на хибридните таблети ќе бидат 800 и  1.100 долари.

Idea Tab Lynx по изгледот е поблизок до хибридните уреди на кои се навикнавме, со таблет кои се „одкачува“ од докот на кој се наоѓа тастатурата. Резолуцијата на екранот од 1366х768 се чини премала, но таа е препорачана од Microsoft како идеална за оперативниот систем. Clover Trail е процесорот кој е избран за таблетот, а и покрај тоа што овој процесор дозволува дебелина од 8,5 mm, Idea Tab е нешто подебел поточно 9, mm, но и ова е одлична дебелина. Најголем дел од остатокот е сличен или барем споредлив со Yoga 11. Таблет компјутерот чини 600 долари, за жал докот и тастатурата се доплаќаат 150 долари, но докот ја продолжува работата на таблетот на 16 часа.

Поледниот презентиран уред е ThinkPad Twist и според хардверот е еден од најимпресивните хибридни Windows 8 таблети кои ни ги презентираа досега. 12,5-инчен екран со 1366х768 резолуција е  заштитен со Gorilla Glass. Процесорите кои се понудени се Intel i3, i5 или i7, а уредот даоаѓа и со интегрирана HD4000 графичка карта. Таблетот има 8 GB RAM, 2 USB 3.0 портови, Wi-Fi и Bluetooth конекција. Twist чини 850 долари, со хард диск но е поскап ако одберете 128GB SSD.

Засега нема податоци за датата на излегување на Windows 8 уредите на Lenovo, но се очекува да излезат истовремено со Windows 8 оперативниот систем.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии