И Курир.мк и NetPress се повлекуваат од Time.mk, се заканија и на другите агрегатори

Незадоволни од тоа што не добиваат пари за својата содржина, без разлика на колку посети добиваат, .мк медиумите им објавија војна на агрегаторите.

Првин Канал 5, Сител и ИдиВиди се повлекоа од Time.mk. Ден подоцна и Курир.мк побара 5.000 евра месечно од агрегаторот за вести за својата содржина. Подолу е твит од основачот на Time.mk, Игор Трајковски, кој објави писмо од Курир.мк.

NetPress, пак, објави писмо на својот сајт дека ќе забрани агрегаторите на вести да им презимаат содржина.

„Вестите на Нетпрес, почитувани читатели, повеќе нема да можете да ги најдете на македонските њус агрегатори. Ова е деловен чекор на кој се одлучи менаџерскиот тим на Нетпрес. Нема никаква позадина во случајов. Причината е едноставна. Некој сака да заработува пари на туѓ труд, и при тоа без регулирање на авторските права.“, пишува NetPress.com.mk.

Интересно во целата ситуација е што сите медиуми кои се спротиставија на агрегаторите на вести, се повлекоа само од Time.mk. Тие сè уште се присутни како извори на другите два .мк агрегатори Daily.mk и Bukvar.mk.

Претходно пишувавме дека агрегаторите на вести им се трн во око на македонските медиуми уште од нивното појавување. Имаше договори меѓу нив, поставување на стандарди меѓу порталите и медиумите за преземање содржина, но никогаш не стана збор за дали и колку посети агрегаторите на вести им донесуваат на медиумите. Ниту пак за дали агрегаторите за вести ги надополнуваат македонскиот медиуми така што им даваат избор и пообјективни вести на читателите од повеќе извори.

Ставот дека посетите од агрегаторите не им се важни на медиумите можеби се објаснува најубаво од NetPress кои велат дека нив им е важна само верната публика.

„Нас воопшто не нé засега читаноста. Во изминативе пет години, колку што постои Нетпрес, успеавме да се избориме за една многу пристојна бројка на верни читатели, од кои сме презадоволни. Па според тоа, оценивме дека со нашата одлука за ваков деловен чекор, Нетпрес нема да претрпи никаква загуба, туку ќе има само добивка.”

Од друга страна, агрегаторите за вести за само две-три години станаа моќни сајтови кои го привлекоа вниманието и на публиката, но и на огласувачите. Факт е дека тие заработуваат со промовирање на туѓа содржина, иако тоа го прават со свој сопствен алгоритам.

Според Дарко Булдиоски од Комуникации.нет и New Media MK, агрегаторите нудат додадена вредност налик на таа што ја нудат и консултантските куќи за анализа на јавни податоци.

„Сервисот за тоа си наплаќа, т.е си развива бизнис модел за да може да живее. Исто како што би купиле некоја анализа на податоци од некоја консултантска куќа. Може податоците да се јавно достапни, но вие плаќате за начинот на нивната обработка и ставање во контекст.“,вели тој. „Факт е дека боли кога вие самите не успевате да направите пари од својата содржина а некој друг прави затоа што сфатил како функционира интернетов, но што е тука е. Да не ни беше целиов медиумски систем толку пореметен може и ќе пишев, има време ќе научат и ќе заработуваат, ама со насокава која ја фатиле, не сум сигурен дека можам да го помислам тоа.“

Медиумите се тие кои си ја одредуваат судбината на својата содржина. Првин според квалитет, потоа според тоа за кого ја пишуваат. Но, влијанието на Time.mk, кој е најпопуларен .мк сајт, не треба да се игнорира. Ќе биде интересно да се види дали посетите на медиумите кои се повлекоа ќе порасне или ќе изгубат посетители.

Во моментов два дена по повлекувањето статистиките на Alexa-mk, сајтот за рангирање, изгледаат вака:

16 коментари на “И Курир.мк и NetPress се повлекуваат од Time.mk, се заканија и на другите агрегатори

  1. Според сите закони за авторски права може да се пренесе дел од содржината и да се наведе изворот од кого е текстот. Електронските медиуми во Македонија се однесуваат крајно нерационално. Освен за некоја национална вест сите вести од странство им се "украдени" сигурно сите имате забележано дека дури и во дневните весници има вести кои се paste copy од веб портали и блогови и ако се оди според логиката на нетпрес и курир по колку треба да платат не другите кои стварно продуцираат вести. Поентата е дека рекламиот интернет простор го држат 2-3 групции со маркетинг агенции и тие не сакаат да изгубат од колачот ништо. Тиме.Мк и сличните независни портали да не отстапуваат и да продолжат да работат.

  2. Јас мислам дека во целава ситуација им се прави бесплатна реклама на медиумите што си отидоа. Во суштина мислам дека треба слободно да се пренесуваат линковите и на сите агрегатори како http://www.novini.mk и останатите.

  3. Iako zastapuvam pogled deka Time.mk kako agregator e korekten (ne objavuva celosna sodrzina taka da spagja pod "fair use", gi nosi posetitelite na oficijalniot sajt, kade sto posetitelot moze da vidi i baneri od istiot), mislam deka graficite ne se soodvetni za da ukazat na nekakov kauzalitet, ako vidime deka na 2ri Feb projot na posetitleite bil ist, bi mozelo da se kaze samo deka na 5ti Feb imalo pogolem broj na posetiteli, nisto drugo.
    Od druga strana, Time.mk ne e dolzen nikomu da mu pravi otcet, bez ogled kaj e registriran. Neka si resat samostalno dali sakaat da ja prifatat ponudata i da im dadat nesto na istite, megjutoa jas ne bi im dal. Time.mk im nosat soobrakjaj na istite. Ako na istite toa ne im odgovara, togas nivniot biznis model e dupka, ne naopaku.

  4. Абе сигурно тој основачо на Тиме.мк не е некој јак чоек, и нема некој јаки пријатели за во оваа земја да успее нешто, зато изгледа телевизиите работат против него.

    А истотака е многу јасно дека ако Time.mk пра големи пари, дел од тие пари треба и да ги исплати на изворите, оти јасно е дека "no pay=no play". А дека овие бричкојте барат илјадници евра, е то е до мозокот нивни, едно шо е премногу, друго шо е невозможно за страна да прај доволно профит за да можи да исплаќа 6-7-8000 евра секој месец!

    За жал во Македонија добар бизнис можи да ти биди турнат за една недела….

  5. Не гледам Вести…Читам Тиме.мк….Од проста причина што сите информации од сите медиуми се добро систематизирани достапни и видливи.Не првам реклама за Тиме.мк него поддржувам еден практичен проект.Очигледно дека во Македонија сите сакаат сами да си ја бркаат работата додека во светот Големите се Корпорации!Комплексот на помала вредност ни е најголемата маана во целава работа како и Клетвата-Да му умре козата на комшијата.Во тој магепсан круг се вртиме со години па затоа лекциите изгледа ќе ги научиме прекасно, а можеби ова повлекување е само дел од она на кое големците ќе се здобијат со титула Робовладетели по евентуалната глупост нарецена АКАТА.Мислам дека со повлекувањето само спремаат терен за еден нов вид линч на читателите!Срам да ви е!

  6. На сите ни е јасно дека зад акцијата против time.mk има политички мотиви но она кое мене ме разочара е одесувањето на основачот на Time.mk

    Каде е тука деловната етика, за јавно објавување на е-малови и слични податоци? Зарем требаше Курир да го објави писмото кога Игор за позиција на банер им побара 3000 € неделно откако виде дека моделот на банер кој курир го избра ( последна статија ) беше многу успешен и покрај тоа што другите огласувачи ја имаа истата позиција за 1000 € И за крај ако сето ова нема да има никакво влијание врз time.mk зошто толку плачење по твитер и разни блогови?

  7. Виц – „Жено, ќе се онакваш со Унпрофорец за 100.000 марки?“, туц муц, се мислела жената, и рекла ДА. „Ќерко а ти?“ и оваа се мислела и она вика ДА. Пак мажот, „А за 50 марки?“ и двете у глас – „Ех, па за што нѐ мислиш ти?!?!?“ а овој вика „Тоа го установивме претходно, сега само дискутираме за цената“.

    Муабетот ми е – не е во ничиј прилог да се продолжи со инаетењето. И двете страни мора сериозно да седнат и да си најдат заеднички јазик. Time.mk потранспарентно да го прикаже финансиското работење (им го должи тоа на оние што произведуваат содржина) за да се види колку реално може да им плати, а овие другиве да си проценат колку им вредат посетите од тиме.мк.

    И конечно, ако не сакаат да дискутираат, time.mk нека се пререгистрира надвор од Македонија, нека ги пресели серверите таму, па ич и не мора да ги прашува дали може да агрегира :)

    1. Убаво кажано :)

      Решението е лесно едноставно Time.mk нека даде поголем увид на приходите, нека им подели дел на овие сајтови и готово. Неможе целиот профит да оди кај него кога користи други авторизирани содржини.

      1. Па не е баш така, ајде тогаш сите агрегатори нека го направат тоа и сите ќе бидат задоволни. Мислам дека не се парите во прашање, оти курир и така добива „спонзорства“ и „банери“ од владини проекти (кои патем ги нема на другите почитани портали). Исто така Курир (тимот, луѓето) стојат и зад буквар.мк.
        Така да „није све у новцу, има нешто и у лове“ :)

      2. Користењето туѓи материјали НЕ Е основно човеково право. Треба да се најде начин да се избориш за тоа. Башка, мислам дека СИТЕ работат или за пари или за нешто друго… Така што не држи муабетот дека со уцени (од двете страни) ќе се заврши работа.
        На што личи објавување на деловна кореспонденција?!? Дали виде имејлови од преговорите меѓу Јаху и Мајкрософт? Или било кои други емаили?

      3. Doktorot zaboravil deka koga pocnal da potpisuva fakturi stanal pretpriemac, a teorija na informacii od vodenje na biznis se razlicni. Zaboravil deka treba da se ima eden ist kriterium kon site od koi zavisi i od koi zivee negviot biznis. Ednostavno vo momentov se postavi nad niv, gi manipulira napalenive decista pod izgovor sloboda na mediumi i samiot ne uspea da im dade ispraven i cesen tehnicki odgovor na mediumite koi go kontaktiraa vo vrska so otstranuvanjeto od timemk i so toa navistina pokaza deka ne gi sledi site pravila po koi treba da se odnesuvaat internet botovite . Ima uste malku sansi da si iscisti obrazot ( kaj tie sto razbiraat sto se slucuva vo momentov ), a ne da doleva uste maslo na ognot i da objavuva poludelovni dokumenti. Ednostavno ne mu dolikuva

      4. Пејко, доелаборирај, што мислиш, кој би бил соодветниот контраудар против македонските медиуми?

      5. Tuka stetata vekje e napravena i mislam deka nema da ima oporavuvanje. Na smetka na kakvi takvi postari mediumi se krenaa kakvi takvi novi mediumi i seto toa blagodarenie na time. Sega mediumite se nervozni, ja naucija lekcijata i mislam deka ke odat do kraj. Sto mislish koj ke pobedi? Tocno deka time moze da prodolzi da prevzema sodrzina, no mislish deka nema kontra merki ( tehnicki i pravni ) … Spored mene ne makedonskite agregatori tuku time.mk si ja izgubi bitkata, a drugite samo naucija kako ne treba da se raboti.

  8. од неукост испадна дека ниту порталите не ги засега читаноста… фрики фрајдеј… место да се борат да му угодат (технички) на агрегаторот да излезат први на насловна овие се повлекуваат…

    1. Наместо да се борат меѓу себе со поквалитетна содржина тие викаат сами можат да успеат. Баш да видам како ќе успеат.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии