И Кина се приклучи на напорите за глобален сателитски интернет

Дејан Соколоски

во Свет

И Кина се приклучува на напорите за покривање на целиот свет со интернет. Пред крајот на 2018 Кина ги лансираше првиот тест сателит кој треба да помогне на луѓето кои немаат пристап до интернет.

Сателитот треба да помогне за поврзување на руралните региони во Кина кои се оддалечени илјадници километри од урбаните центри. Ова е прв од 156 Hongyun-1 сателити кои Кина сака да ги лансира до 2022 година. Сателитите и ракетите кои ги лансираат се произведени од кинески компании. Сателитите ги произведува China Aerospace Science and Industry Corporation (CASIC), а ракетите China Aerospace Science and Technology Corporation. Секако двете компании се државни.

Планот е овие сателити да ја поврзат Кина и дел од државите во развој. Сателитите ќе бидат во ниска орбита 1000 километри околу Земјата.

На крајот на 2018 првите интернет сателити ги лансираше и Space X. Сепак проектот на Space X е значително пообемен, компанијата планира да лансира дури 12 000 сателити, а веќе има дозвола да лансира 7 000. Првата група сателити од Space X ќе бидат лансирана 2019.