И Facebook посочи кон Русија, друштвената мрежа отстрани 652 страници, групи и профили

Facebook отстрани нови страници, групи и профили од своите платформи. Најголем дел се на Facebook, но дел се и на Instagram.

Активностите овој пат доаѓаат од Иран и од Русија. Интересно друштвената мрежа минатиот пат не се осмели да ја обвини Русија за влијание. Сега откако претходно Microsoft ги обвини Fancy Bear, обвинување доаѓа и од Facebook.

Истрагата на FireEye, компанија која води независна истрага откри дека цел на активностите се САД, Велика Британија, Латинска Америка и Блискиот Исток.

„Активноста која ја откривме е значителна и покажува дека и други страни, не само Русија продолжуваат со активности и експерименти со онлајн влијание преку друштвените мрежи за влијание врз политичкиот дискурс“.

Досега се отстранети 74 страници, 70 профили и 3 групи од Facebook и околу 76 профили од Instagram. Групите заедно имале околу 155 000 следбеници. Средствата кои биле потрошени за рекламирање се скромни 6000 долари на реклами на Facebook  и Instagram.

Друштвената мрежа последниот период споделува и дел од објавите од отстранетите сајтови.

Русија ги негираше обвинувањата од Facebook дека воопшто се обидуваат да влијаат на политичките настани во САД преку друштвените мрежи. Портпаролот ма Кремљ ги демантираше и тврдењата на Microfot, кој ги обвини GRU за неколку лажи веб страници.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии