И Facebook фан страните добија Timeline

Како што се очекуваше, брендовите ги добија Timeline страните. Timeline-oт за брендовите е апсолутно ист како и Timeline профилите за корисниците. Промените се однесуваат на администраторите, односно тие добиваат истакнат Admin Panel за анализа на активностите на страната.

Како и кај корисничкиот Timeline, сега брендовите ќе можат да си истакнат свои постови, фотографии или видеа. Eдна интересна новина е што брендовите можат да си одбележат постови според време, креираjќи вистински времеплов од основање на брендот. Пример, Coca-Cola си има закачено слики од 1886-та кога е основана компанијата.

Големата новина е долгоочекуваната можност корисниците и брендот да комуницираат директно преку приватни пораки. Само корисниците можат да му пишат директно на брендот, да отворат дискусија со брендот/фан страната, наместо како до сега да комуницираат со администраторите кои си имаат приватни профили.

Промена исто така е што сега нема „landing page” односно страна која ги пречекува корисниците и ги поканува да кликнат Like. Oвие табови беа клучни за многу брендови преку една слика да го претстават брендот. Најверојатно нивната функционалност ќе треба да биде пресликана на големата насловна слика на Timeline.

Сега е и добро време за секоја фан страна/бренд да си ја прегледа својата претходна содржина, уште од време на стартување на страната. Facebook овозможува на администраторите да направат преглед на Timeline-oт и да ги средат почетните фотографии, постови и други активности, меѓу кои и табовите кои сега се затскриени. Timeline за фан страните официјално ќе стартува за сите страници од 30 март.

Facebook неодамна претстави и нов вид на Open Graph апликации кои се врзани со кориснички активности, не само со лајкнување. Наскоро се очекуваат и нови реклами за кои Facebook вели дека ја зголемуваат интеракцијата дури до 80 отсто. Заедно со Timeline, сите овие новини се со цел да се зголеми интеракцијата меѓу посакуваните промоции од брендовите и корисниците.

1 коментар на “И Facebook фан страните добија Timeline

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии