И Bit.ly стана генератор на QR кодови

Ова не е ништо ново бидејќи постојат еден-клик QR генератори. Но се чини Bit.ly ja воведе оваа можност како одговор на својот конкурент goo.gl кој ја има истата можност, односно со додавање на суфиксот .qr на goo.gl скратен линк добивате QR код. Всушност, под генерирараниот код се гледа Bit.ly рибата која јаде топчиња со боите на Google.

Што се однесува до практичноста на оваа можност, овој .qr скратен линк сега може да се сподели на кул начин или да се испечати на хартија. QR код е дво-димензионален код кој се чита со QR читачи или со мобилни телефони кои имаат камера. QR кодот може да содржи од слика, до видео или линк, во овој случај скратен линк.

QR кодот може да се испечати на хартија, да се залепи на продукт и потоа корисникот со камерата на мобилниот да може да го прочита и да ја види содржината. Пример, QR кодот се користи како инсталација за Android апликации директно на мобилен.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии