И Bing ќе брише резултати од пребарувања по барање на корисниците

По Google, и Бинг ќе ги отстрани резултатите од пребарувањето за корисниците кои се загрижени за својата приватност. Microsoft го издаде официјалниот веб формулар кој корисниците кои сакаат да бидат заборавени ќе мора да го потполнат. Microsoft „заборавањето“ го направи малку покомплицирано, па се чини дека јавните личности ќе имаат повеќе проблеми за пријавување. Така Bing не само што бара корисникот да се претстави, туку ја бара и причината поради која корисникот сака да ја отстрани содржината од резултатите.

Европската Комисија пак ги повика претставниците на Google, Microsoft и Yahoo со кои ќе треба да разговараат за одлуката на судот со кои граѓаните имаат право да бидат заборавени, односно резултатите да бидат отстранети од пребарувачот.
Едно од барањата на Европската Комисија ќе биде Google, Bing и Yahoo да престанат да ги известуваат сајтовите кога некоја содржина ќе престане да се појавува во резултатите од пребарувањето, јавува Wall Street Journal.

Вториот проблем за кој ќе се дискутира засега го засега Google кој се одлучи да ги отстрани резултатите на „локалните“ пребарувачи (.fr, .co.uk, .de), но на Google.com отстранетите содржини сè уште се појавуваат. Microsoft најави дека ќе присуствува на состанокот најавен за четврток, додека Google и Yahoo, објавија дека ќе ја почитуваат регулативата, но нема да испратат претставници на средбата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии