И Amazon под истрага за злоупотреба на доминантна позиција на пазарот

Дејан Соколоски

во Свет

Amazon е последната компанија која е под истрага за злоупотреба на доминантната положба на пазарот. Поради оваа позиција Федералната комисија за трговија истражува дали Apple ја злоупотребува својата положба на пазарот. Слични истраги има и за Google, Facebook, a најавена е истрага и за Apple.

Тим на Федералната комисија веќе започната да зборува со повеќе мали компании кои производите ги продаваат на Amazon. Разговорите со компаниите траат околу 90 минути и во нив се вклучени неколку обвинители и барем еден економист, пренесе Bloomberg. Засега фокус на истрагата е уделот на заработката која овие компании ја заработуваат од Amazon спореден со другите онлајн маркети. Засега е во рана фаза, но станува збор за сериозна истрага.

Првите податоци покажале дека компаниите дури 0д заработката ја добиваат продавајќи на Amazon, што ги прави ранливи на барањата на Amazon и на секакви промени во правилата за користење.

Истрагата во Amazon е дел од поголема истрага во речиси сите технички компании во САД. Оваа недела Одделот за правда започна истрага за Google, а од јули е започната истрага на Федералната комисија за трговија за Facebook. Најавени се проверки во Apple и Twitter.

Amazon е под истрага и во  Европа. Европската Комисија истражува дали Amazon им дава предност на сопствените производи на платформата, со што би учествувал и како платформа и како продавач на производи на истата платформа.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии